Нов голем успех за каратистите на Македонија – Финале за Павлов, Весели ќе се бори за бронза во Салцбург

Нов голем успех за најдобриот каратист на Македонија Емил Павлов кој успеа да избори пласман во финалето на силната Премиер-лига во Салцбург Австрија. Павлов во финалето ќе се сретне со Италијанецот Анџело Крешенцо кого го совлада во 2018 на пат кон новата европска титула.

Во полуфиналето Павлов беше подобар од Казахстанецот Даркан Асадилов со 2-1, а претходно ги добиваше и Мохамед Фахед од Јордан со 3-2, Ненад Дуловиќ од Црна Гора со 1-0 и Јертанек Баитурејев од Казахстан со 4-0.

Одличен настап има и еден од најдобрите млади каратисти на Македонија, Фахик Весели кој загуби од финалистот Анџело Крешенцо и денеска во репасажот ќе се обиде да стигне до борба за бронзата. Ова досега е најдобар пласман во сениорска конкуренција за освојувачот на единствениот медал на Младинските олимписки игри во историјата на Македонија.

 

 

Се вчитува...