УЕФА признава дека е во „фаза на чекање“ околу одржувањето на Европското фудбалско првенство закажано за претстојново лето. Развојот на ситуацијата со смртоносниот коронависрус ќе биде показател за тоа дали ЕУРО 2020 воопшто ќе се одржи. Италија е најпогодената европска држава, а токму во главниот град Рим треба да биде отворањето и првиот натпревар. Според последните информации, плановите за отворањето во Рим се одвиваат со предвидената динамика.
„Во фаза на чекање сме. Ја следиме ситуацијата во секоја држава. Патот на спортот ќе биде затворен само ако ситацијата стана многу лоша“ – вели потпреседателот на УЕФА, Микеле Ува.
Вирусот се шири низ целиот контиент, а од Европската асоцијација порачуваат дека „фудбалот треба да ги следи насоките на сопствената држава“. Во Италија во моментов, спортските настани се суспендирани во шест региони. Европското првенство треба да се одржи во Амстердам, Баку, Билбао, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и во Санкт Петерсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА