Сенегалскиот фудбалер Гиране Н’Дау призна дека е постар од тоа што се претставувал во текот на фудбалската кариера. Среднистот кој играше во Франција, Шпанија и Англија во моментов е член на третолигашот Алгранж од Франција и наводно има 35 години. Сепак, тој призна дека е постар од годините кои што се познати.
„Во Сенегал 99 отсто од фудбалерите лажат за годините. Фудбалерите од мојата земја главно се многу ниски и кога ќе дојдат со 20 години гледаат дека Европејците со 15 години се далеку по силни од нив. Како и сите и јас лажев за годините кога станав професионалец. Секој кој нема да го направи тоа не може да игра професионален фудбал во Европа“, изјави Н’Дау.
Н’Дау забележа 41 настап за репрезентацијата на Сенегал, а во клупската кариера настапуваше за екипите на Сошо, Нант, Сент Етиен, Сарагоса, Бирмингем и Ленс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА