Лидс го очекува жестока борба за влез во Премиер-лигата до крајот на сезонава, а шансите за освојување на едно од првите две места во Чемпионшип-дивизијата на тимот на Езгијан Алиоски сериозно се намалија по ригорознат аказна што вечерва му беше изречена на првиот голман Кико Касилја.
Шпанецот е казнет со осум натпревари суспензија и парична казна од 60.000 фунти откако истрагата покажа дека е виновен за расизам, по навредите што за време на дуелот со Чарлтон ги упатил кон противничкиот напаѓач Џонатан Леко. Мечот се одигра во септември, Касилја ги демантираше обвинувањата, но долгата истрага докажа дека голманот навистина упатил расистички навреди кон противничкиот фудбалер.
Лидс на единаесет кола до крајот е второпласиран на табелата (пет бода повеќе од третопласираниот Фулам), пласман кој би го одвел тимот на Алиоски во Премиер-лигата. Касилја ќе пропушти голем дел од завршницата на сезоната, а во негово отсуство се очекува шанса да добие Полјакот Миазек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА