Турскиот гигант Фенербахче во директен дуел за место во плеј-офот во Евролигата ја совлада шпанска Валенсија на гости со … Фенербахче имаше контрола на натпреварот уште од самиот старт добивајќи ја првата четвртина со седум поени разлика 14-21. Во следните три четвртини натпреварот беше во егал, но сепак Турците успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 86-93
Дерик Вилијамс со 22 поени беше прво име во победничкиот табор, додека забележителна ролја имаа и Слукас и Датоме кој мечот го завршија со по 13 поени. Кај поразените Вања Маринковиќ уфрли 22 поени.
Во останатите два натпревари од денешната понуда Химки го декласираше АСВЕЛ со 108-79, а Жалгири по продолженија ја победи Олимпија Милано со 105-97.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА