Стартуваат и второлигашките возбудувања: Пелистер диктира на Западот, тешка битка на Истокот

Со натпреварите од 15. коло денеска од 14 часот стартува и пролетната сезона во двете второлигашки групи од македонскиот фудбал.

Во источната група, пролетта стартува со повеќе од интересната пресметка меѓу Брегалница и Кит Го, двете екипи кои се во трка за водечките две позиции на табелата заедно со Беласица и Тиквеш. Сосема е јасно дека повеќе од неизвесна битка ќе има на Истокот за прволигашката промоција.

Во западната конкуренција, пак, Пелистер го диктира ритамот иако е јасно дека Велазерими, Скопје и Лабуништа се повеќе од сериозна конкуренција.

Пелистер во првото пролетно коло го пречекува Кораб во Битола, а дербито е на Автокоманда каде Скопје ќе биде домаќин на Велазерими.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (15. КОЛО, денеска, 14 ч.)

Тиквеш – Каменица Саса

Плачковица – Кожуф

Брегалница – Кит Го

Осогово – Беласица

Питу Гули – Победа

 

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (15. КОЛО, денеска, 14 ч.)

Скопје – Велазерими

Кадино – Гостивар

Пелистер – Кораб

Вардар Форино – Дрита

УТРЕ (14 ч.)

Лабуништа – Охрид

Се вчитува...