Поголемиот број делегати на Собранието на РФМ сметаат дека клубовите кои настапуваат во СЕХА-лигата, Вардар и Пелистер Еурофарм неизбежно треба да се вратат во домашното првенство, и да играта од самиот почеток на Суперлигата.
Ракометните работници во земјава на денешното Собрание на РФМ истакнаа дека двата клуба се неопходни на македонскиот ракомет во текот на целата година, а не да имаат директно место во плеј-офот од Суперлигата. Како аргумент повеќе за тоа беше наведено и дека голем број европски клубови играат на повеќе меѓународни фронтови, но истовремено се дел и од националните првенства.
Токму во таа насока, донесен е заклучок дека до 31. мај потребно е да се одржи Конференција на клубовите од Суперлигата за да се дефинира систем на натпреварување за сезона 2021/2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА