Чупиќ: Овој Вардар не е доволно добар за осумте најдобри во ЛШ…„Колку пари, толку музика“

Европскиот првак Вардар има многу проблеми, нема доволен ростер за да се најде меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите и тоа е реалноста. Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ како што тргнува од крилната позиција кон голот, така се однесува и пред новинарите. Директно и без заобиколување.

„Во последните моменти, не дека не игравме добро,туку ни недостасува ростер, немаме добри тренизни, затоа на секој натпревар сме добри до 30 – 40 минута и се гледа дека ни недостига искуство и некој што може да повлече, ни недостига клупа, оваа недела трениравме со пет – шест играчи, играчите не можат да изработат нормален тренинг. Затоа ни се случуваат овие падови во последните дваесетина минути, не фаќа и нервоза и технички грешки, го нема она што е потребно за ЛШ, што е потребно за 60 минути. Играме колку што можеме. Денеска беше егал до 53. минута со Монпелје. Тие ротираат постојано, ние едвај можевме да направиме една промена“, објасни Иван Чупиќ.

Но, реалноста на Вардар е сега многу поинаква. Вели „колку пари, толку музика“.

„Тешко е да се игра на ова ниво, ние сакаме, победници сме. Затоа завршивме шести во група. Тоа е реалноста на вардар. Наше е да играме на Ф4 во СЕХА, бидејќи ни доаѓа Пик Сегед. Колку пари толку музика, така е во спортот. Ние извлекуваме повеќе од тоа што вреди оваа екипа во моментот. Ова ни трет тренер сезонава, и тоа е проблем и за нас. Не е лесно во ваква ситуација. Да го пофалам Кизиќ, со него изгледаме поинаку. Реалноста во спортот е груба и проста, или вредиш или не вредиш. Ние во овој момент не вредиме за влез меѓу осумте најдобри во ЛШ. Јас сакам со оваа екипа да одам во Келн, затоа што во Келн да се оди е сон, но тешко, реално тешко…Сепак, додека не одиграме, додека некој не не победи, не признавам дека некој е подобар. Денеска натпреварот не го загуби Вардар, туку јас, јас знам што ми е задачатам а промашував зицери. Не зборувам ниту против клубот, зборувам за соблекувалната, секој ден се мачам, ајде можете денеска, пробајте, да составиме нешто. Ако плати некој авион ќе биде добро, ако не ќе одиме со автобус 20 часа“, ја открива ситуацијата Иван Чупиќ.

 

Се вчитува...