Пролет убедливо во Радовиш, осигуран пласманот во плејофот од Суперлигата

Ракометарите на Тинекс Пролет на три кола до крајот на Суперлигата го осигураа пласманот во плејофот, откако на гостински терен славеа против Радовиш со убедливи 20-33. Пролет одигра одличен меч, стигнувајќи до предност пред крајот на полувремето која потоа умешно се сочува и зголеми до крајот на дуелот.

Уште од самиот почеток домаќините покажаа дека нема да бидат наивен противник, па во почетните петнаесетина минути ниту една од екипите не успеа да создаде предност поголема од еден гол. Ангелов делуваше сигурно на голот на дебито за Тинекс Пролет, е добра игра во нападот покажа и засилувањето Ѓуро Мујиќ, кој во првите петнаесет минути постигна два погодоци. Капитенот Ласко Андоновски блесна во вистински момент, постигна три гола во три минути, па при водство од 7-9 го натера домашниот стратег на тајмаут. Сепак, серијата на Тинекс Пролет продолжи и по минутата одмор, за предност од 12-16 на полувремето.

Радовиш немаше намера да се предаде, па домаќините ја преполовија негативата, намалувајќи на 18-20. Сепак, Тинекс Пролет имаше премногу расположени играчи во својот табор, во серија влегоа Андоновски и Поповски, па предноста повторно се искачи на комотни „плус пет“ (18-23). Овојпат ривалот беше нокаутиран, скопскиот клуб набрзина зголеми на 18-26, во 55. минута со голот на Мујиќ Тинекс Пролет стигна и до првото двоцифрено водство (19-29), за на крајот да триумфира со конечни 20-33.

Ласко Андоновски одигра капитенски и со 11 гола го предводеше Тинекс Пролет во оваа победа, Мартин Поповски постигна осум гола, а Мујиќ дебитираше со четири погодоци во дресот на тимот од Скопје.

Во следното коло Тинекс Пролет ќе го пречека тимот на Вардар Јуниор.

Се вчитува...