Наполи без поголеми проблеми славеше со 2-1 против Торино во 26. коло од Серија А.
Наполитанците победата ја најавија со голот на Манолас во 19. минута, а Ди Лоренцо во 82. минута заокружи на 2-0. Гостите единствено со голот на Едера во 91. минута успеаја да го ублажат поразот.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во финишот од натпреварот, заменувајќи го Политано во 84. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА