Шкендија против „лавовите“ за повторно враќање на -8 од Вардар

Во трката за шампионската титула, Шкендија е во ситуација повторно да дојде до -8 бода од лидерот Вардар откако вчера „црвено-црните“ ремизираа без голови со Работнички.

Денеска, на мечот од 21. коло, тетовци против Македонија ЃП во обид за три бода со кои би продолжиле со битката за водечката позиција.

„Јасно е дека не чека тежок натпревар против цврст противник, но желбата на Шкендија е победата. Посебно, откако минатото коло и покрај надмоќта не успеавме до трите бода во Кратово“ – вели шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока.

Во останатите два денешни дуели, Академија Пандев во битка за првата победа пролетва против последнопласираниот Борец, додека Шкупи на домашен терен ја пречекува Ренова.

ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БОРЕЦ
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА
ВЧЕРА
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 0-0

Се вчитува...