Ракометарки на Вардар удрени од автомобил додека чекале на автобуска станица, за среќа без посериозни повреди

Две ракометарки од првиот тим на ЖРК Вардар, како што пренесува „мкд.мк“, синоќа доживеале несакани моменти во скопската населба Ѓорче Петров откако во сообраќајна несреќа биле удрени од автомобил додека чекале на автобуска станица. За среќа без посериозни повреди, па денеска се пуштени на домашно лекување.

Според информациите од надлежните државни органи, на двете девојчиња налетало сув возило кое во обид да избегне друго возило марка „Југо“ на сообраќајната лента излетало на тротоарот покрај автобуската станица.

Ракометарките на Вардар се здобиле со полесни повреди, па по лекарската интервенција се пуштени на домашно лекување.

ФОТО: www.kurir.mk

Се вчитува...