ВИДЕО: Шкендија лесно со „лавовите“ – два гола на Имери

Шкендија на крилјата на младите дојде до убедлива победа од 4-1 против Македонија ЃП во 21. коло од ПМФЛ.

Во првиот дел за водство од 1-0 стралеше 20-годишниот Омар Имери, по асистенцијата на Гледи Мици…

Во второто полувреме, откако најпрво гостите израмнија со голот од пенал на Јашаровски, потоа Меџит Незири донесе повторно водство од 2-1, а Имери со својот втор гол зголеми на 3-1.

На крајот и 21-годишниот Зејнулаи се запиша во листата на стрелците за конечни 4-1.

Се вчитува...