Обрадовиќ не сака да остане во Фенербахче

Жељко Обрадовиќ би го напуштил Фенербахче налето кога ќе му истече договрот со клубот кој го води од сезоната 2013/14. Вакви информации пренесува реалвантен турски кошаркарски коментатор и новинар кој тврди дека српскиот тренер веќе одбил две понуи за продолжување на договорот од сопственикот на Фенер, Али Коч.

Обрадовиќ и Фенербахче имаа исклучително лоша сезона и ќе мора жестоко до крајот да се борат за пласман во плеј-офот на Евролигата со оглед на лошиот резултатски биланс кој го имаат.

Наводно, Обрадовиќ имал проблем со тоа што продолжување на договрот не му било понудено веднаш на почетокот од оваа сезона, а тешко се адаптирал и на новите имиња во тимот, Нандо Де Коло, Дерик Вилијамс како и Малком Томас и Џеејмс Нанели.

 

Се вчитува...