Интернационалниот олимписки комитет и Светската здравствена организација размислуваат Летните олимписки игри во Токио да поминат без публика поради епидемијата од коронавирус. Можноста игрите да поминат без публика се уште е мала, но не се исклучува можноста дека двете организации ќе се одлучат за овој потег бидејќи голем дел од спортските федерации во светот се загрижени за ова прашање.
Откажувањето на игрите или одложувањето на нив би можел да биде дополнителен проблем за организаторот бидејќи ќе имаат голема финансиска загуба. Забрана за пристап на натпреварите ќе имаат и новинарите, а дозволено ќе им биде присуство само на камерманите кои ќе треба да го вршат преносот од натпреварувањата.
Летните олимписки игри во Токио ќе бидат одржани во периодот од 24. јули до 9. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА