Кепа Аризабалага пречесто е критикуван за слабите настапи на голот на Челси, но шпанскиот голман блесна во првото полувреме од вечершниот дуел со Ливерпул.
Тој е најзаслужен што „црвените“ се уште се без постигнат гол на „Стемфорд бриџ“, а за одбележување е оваа ситуација, во која шпанскиот чувар на мрежата за пет секунди одбрани три зицери на гостинските фудбалери, најпрвин запирајќи го Садио Мане, а потоа и ударите на Ориги и на Џон.
Кепа барем за момент заличи на најскап голман во светот на фудбалот, епитет што не ги оправдуваше со досегашните настапи по трансферот од Атлетик Билбао.
THREE brilliant saves in a row from Kepa ?
How have Liverpool not equalised?! ?#FACup #CHELIV pic.twitter.com/4NUQLHkcR1
— Goal (@goal) March 3, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

