Баерн Минхен се пласираше во полуфиналето од Купот на Германија, триумфирајќи на гостувањето против Шалке со минимални 0-1. Баварскиот гигант ја продолжи серијата добри игри и по повредата на Левандовски, повторно одигра цврсто во одбраната, па само еден гол им беше доволен на избраниците на тренерот Флик за да стигнат до победата во Гелзенкирхен.
Шалке прв постигнат погодок, но радоста на домаќините ја скрати ВАР-судијата, поништувајќи го голот поради офсајд. Момент на одлука беше 40. минута, кога по еден корнер од левата страна топката стигна до Кимих, кој со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот го матираше домашниот голман.
Пласман во полуфиналето обезбеди и нисколигашот Сарбрикен, кој ја изненади Фортуна Дизелдорф триумфирајќи по подобро изведување на пенали (1-1 по 120 минути игра).
Kimmich with an awesome goal ? ⚽️ pic.twitter.com/WUJ0zuS47j
— Bayern mania (@Bayern_mania) March 3, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА