Куп: Шкендија на мегдан кај „романтичарите“, дуел „без тренери“ во Струмица

Работнички ја пречекува Шкендија во најинтересниот натпревар од реванш четвртфиналната програма во Купот на Македонија. „Романтичарите“ имаат убава пролетна низа и се надеваат дека ќе ја продолжат со елининација на фаворитот Шкендија. Тренерот Ратко Достаниќ знае дека тоа е голем предизвик за тимот. Првиот меч во Тетово заврши 1-1.

„Имаме поволен резултат по првиот натпревар, но има уште тешки 90 минути за игра. Подготвени сме, ќе се потрудиме да ја изненадиме Шкендија и да се пласираме во следната рунда“, вели капитенот Горан Силјановски.

Шкендија сака да оди до крај во Купот на Македонија со оглед на заостанувањето зад Вардар во шампионската трка.

„Ова е многу значаен меч за нас, Шкендија мора да биде подготвена за сите натпреварувања. Распоредот е згуснат, но верувам дека ќе успееме да ја оствариме целта“, вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

 

Во Струмица, Академија Пандев ќе го пречека Шкупи. Интересно е дека и двата тима останаа без тренери по последното првенствено коло. Југослав Тренчовски замина по ремито со Борец, а Шкупи се раздели со Ќатип Османи по поразот дома од Ренова. Академија Пандев има предност (1-0) по првиот меч на Чаир.

Ренова и Струга ТЛ во Тетово ќе почнат од 0-0, со оглед дека на првиот дуел немаше голови, а Брегалница има еден гол позитива (0-1) пред гостувањето кај Лабуништа.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1-4-ФИНАЛЕ (РЕВАНШИ) 14 ЧАСОТ

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (1-1)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-0)

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (0-0)

ЛАБУНИШТА – БРЕГАЛНИЦА (0-1)

  • Во заграда се резултатите од првите натпревари.

 

Се вчитува...