Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, истакна дека размислувал околу евентуално повлекување, но сепак одлучил да продолжи да го прави тоа што го прави среќен.
„Не постои било каков знак или причина поради која не би можел или не би требал да продолжам. Во текот на зимата имав малку време интезивно да размислувам на пензија и дојдов до заклучок дека секако сакам да продолжам бидејќи спортот ми причинува задоволство“, изјави Фетел.
Кога е Фетел во прашање се укажува на тоа дека ќе остане во тимот на Ферари во кој е од 2015 година. Шефот на италијанската екипа Матија Биното неодамна изјави дека Фетел е прва опција покрај Шарл Леклер и дека наскоро на вечера со чаша вино ќе почнат преговори за продолжување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА