Шкендија, Ак. Пандев, Брегалница и Струга ТЛ во полуфиналето од Купот на Македонија

Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум ќе играат во полуфиналето од Купот на Македонија.

Шкендија обезбеди полуфинале благодарение само на гол повеќе на гости, откако ремизираше (2-2) на гостувањето против Работнички, доволно за место меѓу четирите најдобри во најмасовното домашно клупско натпреварување по првото реми (1-1) во Тетово.

Шкендија на „Тодор Проески“ дојде до водство од 0-1 со голот на Валмир Нафиу во 38. минута. Работнички израмни во 72. минута со голот од пенал на Стефан Јевтоски. Второ водство за тетовци донесе Бесарт Ибраими со прекрасен гол во 75. минута, но Работнички израмни во 84. минута за конечни 2-2.

Брегалница на убедлив начин си обезбеди пласман во полуфиналето откако на реваншот во Струга славеше со 1-4 против Лабуништа.

Штипјани уште во првото полувреме си ја завршија задачата со водство од 0-3, со головите на Мартин Стојанов од пенал во 23. минута и во 37. минута. Дарко Додев го запиша својот прв гол во синиот дрес стрелајќи на асистенција на Ристе Наумов за 0-3. Домашните во 52. минута преку Сунај Хасан успеаја единствено да постигнат почесен гол, а Брегалница на 1-4 заокружи со голот на Стојчевски во 87. минута.

Академија Пандев продолжува со одбраната на трофејот во Купот благодарение на триумфот од 0-1 од првиот дуел против Шкупи во Чаир. На денешниот реванш меч во Струмица, „пандевци“ ремизираа (1-1) со чаирчани.

Струга ТЛ, пак, ќе игра во полуфиналето откако славеше со 1-2 на гостувањето против Ренова. „Гипсарите“ дојдоа до предност со голот на Флоријан Кадриу во 23. минута, но Делиај постигна гол во 43. минута за израмнување, а во 83. минута следеше голот на стружани за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (реванш натпревари)
Лабуништа – БРЕГАЛНИЦА 1-4 (0-1)
Работнички – ШКЕНДИЈА 2-2 (1-1)
Ренова – СТРУГА ТЛ 1-2 (0-0)
АК. ПАНДЕВ – Шкупи 1-1 (1-0)
* Во заградите се резултатите од првите натпревари

Се вчитува...