Академија Пандев – Брегалница и Струга Трим Лум – Шкендија се двете двојки за полуфиналето од Купот на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.
„Пандевци“ кон одбраната на титулата од минатата година во полуфиналето ќе мора да се соочат со Брегалница во дербито на Истокот, додека Шкендија оди на мегдан со стружани.
Првите полуфинални натпревари се играат на 8. април со почеток од 15:30 часот, а реваншите се на 6. мај од 16 часот.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ
АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА