Може ли МЗТ да ја прекине „црната серија“ во АБА2?

МЗТ Скопје вечерва (19 часот) на гостувањето против Нови Пазар ќе се обиде да ја прекине серијата слаби резултати во АБА2 лигата. Македонскиот шампион претрпе четири порази на последните четири натпревари во регионалното натпреварување, загрозувајќи си го второто место на табелата во пресрет на плејофот.

„Сино-белите“ имаат само една победа повеќе од Сплит и од Широки Бријег, па дефинитивно не смеат да си дозволат пораз вечерва ако сакаат да имаат предност на домашен терен во полуфиналната серија.

„Пред нас е исклучително тешко гостување, пред се поради фактот дека на домаќинот оваа средба му е многу важна за опстанок во АБА2. Станувазбор за жежок терен на кој секогаш тешко се игра. Наша цел е да го дадеме макимумот, ако го испочитуваме договореното ќе имаме шанси да се радуваме на крајот“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

„Металците“ ќе бидат без Американецот Хиндс, кој беше главен организатор на играта во досегашниот дел од сезоната, но беше отпуштен поради непрофесионално однесување.

МЗТ Скопје на првиот овосезонски натпревар против Нови Пазар славеше над претставникот на Србија со минимални 89-87.

Се вчитува...