Стратегот на Барселона, Кике Сетиен, се соочува со зголемен притисок откако по поразот од Реал Мадрид неговиот тим ја загуби лидерската позиција во Ла Лига. Една од работите на кои тренерот на Барса се осврна во пресрет на новите предизвици е преголемата зависност на целата екипа од настапот на Лионел Меси.
„Тоа е вистина, секој фудбалер што ја има топката прво гледа каде е Меси, за ако може да му ја додаде. Тоа реално е премногу често, но Лео ги завршува 90% од нашите акции, дали со шут или со асистенција, така што зависноста на тимот од Меси е нормална“, изјави Сетиен.
Барса викендов ќе го пречека Реал Сосиедад, а со три бода на овој меч каталонскиот гигант би можел да се врати на првото место, доколку Реал Мадрид не успее да триумфира на незгодното гостување против Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

