Обамејанг бара богатство, Арсенал нема намера да му плати

Пјер Емерик Обамејанг е пред заминување од Арсенал откако стана јасно дека „топчиите“ немаат намера да ги задоволат финансиските барања на својот најдобар стрелец. Актуелниот договор на Обамејанг истекува во јуни 2021 година, па на лондонскиот клуб му е јасно дека мора што поскоро да договори продолжување, или да го продаде на крајот од сезонава.

Разговорите за продолжување на соработката траеја многу кратко, откако голгетерот побарал плата од 300.000 фунти неделно, по што експресно бил одбиен од раководството на Арсенал. „Топчиите“ се свесни дека направиле огромна грешка кога му дадоа толкава плата на Месут Озил, кој сега не сака ни да чуе за заминување од клубот, свесни се дека ако го избрамнат и Обамејанг со Озил ќе следат барања за нови договори на уште неколку првотимци, поради што експресно ги прекинале преговорите со Габонецот.

Најреална опција за Обамејанг во моментов е трансфер во Италија, и тоа во редовите на Интер, каде Антонио Конте сака да го доведе овој одличен напаѓач како замена за Лаутаро Мартинез.

Се вчитува...