Баерн Минхен ја оствари 17.победа во Бундес-лигата оваа сезона и повторно има четири бода предност на врвот на табелата во однос на Борусија Дортмунд. Баварскиот тим славеше со 2-0 против Аугсбург, но се намачи за да стигне до триумфот. Сепак, на пригоден начин е одбележан јубилејот 120 години постоење на клубот.
Гостите успеваа да одолеат во првото полувреме, но резултатот го отвори Томас Милер со погодокот во 53.минута. Аугсбург постигна гол во 90.минута, но не беше признат поради офсајд позиција, а во следниот напад Леон Горецка зголеми на 2-0, што беше и краен епилог на дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА