Македонија ЃП: Судиската комисија на ФФМ да го погледне мечот во Кратово и арбитражата на Ставрев

Македонија ЃП загуби од Силекс со 1-0 на гостувањето во Кратово, а стрелец на единствениот гол беше Иван Ивановски од пенал во деветтата минута од мечот. Раководството на клубот од Ѓорче Петров порачува Судиската комисија на ФФМ уште еднаш да го погледне натпреварот и делењето на правдата на Александар Ставрев заедно со нивни претставници.

„Нема да го коментираме судењето на нашиот најдобар судија и репрезент на меѓународна сцена, само сакаме да порачаме Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, заедно со наши претставници уште еднаш да го погледнат натпреварот. Пак ќе апострофираме дека никого не навредуваме или напаѓање додека не се погледне уште еднаш натпреварот. Честитки за победата на Силекс, ние топло ќе ги пречекаме во Ѓорче Петров. Македонија Ѓорче Петров ќе продолжи лавовски да се бори на зелениот терен!“, порачуваат од Македонија ЃП.

Се вчитува...