Натпреварот од последното коло од АБА2 лигата меѓу МЗТ Скопје и Ловќен ќе се одигра пред празни трибини во салата „Јане Сандански“ во Скопје, објави раководството на регионалното натпреварување.
Според раководството на лигата, одлуката е донесена по забраната од македонската влада за собирање на поголеми групи луѓе на јавни собири и спортски натпревари.
„Со оглед на фактот дека коронавирусот е присутен во речиси сите земји каде има екипи од АБА-лигата, во контакт сме со министерствата во тие држави и ги информиравме клубовите за чекорите што треба да бидат преземени“, порачуваат од АБА.
МЗТ Скопје се наоѓа во серија од пет порази во регионалното натпреварување, а „металците“ ќе мораат да слават над Ловќен во обид да стигнат до второто место кое би им ја донело предноста на домашен терен во полуфиналната серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА