Словенечкиот интернационалец Јосип Иличиќ одигра блескав натпревар на „Месталја“ и буквално самиот ја совлада Валенсија постигнувајќи четири гола (3-4) на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Аталанта имаше предност и од првиот натпревар, но одигра за историја и со два триумфи се пласираше меѓу најдобрите осум екипи во елитното европско клупско натпреварување.
Јосип Иличиќ исто така влезе во историјата на ЛШ. Тој е само петтиот фудбалер кој успеал да постигне четири гола на еден меч. Двапати тоа му успеало на Лионел Меси, а чудото го оствариле и Симоне Инзаги, Марио Гомез и Роберт Левандовски. Но, Иличиќ е прв кој постигнал четири гола во нокаут – фазата од ЛШ на гостински терен.
„Среќен сум што Аталанта се пласира во четвртфиналето на ЛШ. Ова е историски резултат за клубот. Беше прекрасна вечер за мене и можам само да кажам дека жалам што немаше навивачи на „Месталја“ за спектаклот да биде комплетен“, изјави Иличиќ по четирите гола против Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

