Дербито Манчестер Сити-Арсенал откажано, играчите на лондонскиот клуб во изолација

Премиер-лигата го одложи дерби дуелот закажан за денеска меѓу Манчестер Сити и Арсенал поради позитивниот тест на коронавирус на сопственикот на Нотингам Форест и на Олимпијакос, Евангелос Маринакис кој пред деве недели го гледаше грчкиот тим на „Емирати“. 52-годишниот Маринакис постојано патува на реалција Грција-Нотингам и беше присутен на натпреварот на Арсенал и Олимпијакос од Европа Лигата.

Тој вчера објави дека е заразен од коронавирус, 12 дена по посетата на Северен Лондон. Арсенал објави дека неколку играчи на клубот биле во контакт во сопственикот на Олимпијакос веднаш по натпреварот и дека мора да ги следат стриктно правулата кои ги објави Владата. Тоа значи дека сите кои биле во контакт со заболениот Маринакис мора да бидат во само-изолација, но според соопштението од клубот, играчите ќе се вратат на тренинг в петок, тоа е точно две седмици по контактот со заболеното лице.

Арсенал стои на ставот дека нивните играчи не се во можност да се појават вечерва и затоа Лигат мораше да донесе одлука за одложување. Од клубот ги бараат и сите лица кои биле во контакт со овие играчи на Арсенал и ќе ги советуваат да се повлечат во самолзолација.

 

Се вчитува...