Интересни натпревари се денеска на понудата за типување…
СИНГЛ НА ДЕНОТ
Борусија М. – Келн 1 и 2+
Одложениот натпревар од Бундес-лигата беше презакажан за денеска, а домаќините се фаворити за освојување на трите бода. По домашниот пораз од „милионерите“ од Дортмунд, фудбалерите на Борусија не смеат да си дозволат нов неуспех ако сакаат да се вратат на четвртото место, кое значи пласман во ЛШ.
Келн влезе во победнички ритам, во последните седум кола има пет победи и порази само од Баерн и од Борусија Дортмунд, но „овните“ тешко дека ќе можат да го „преживеат“ гостувањето во Менхенгладбах.
Борусија на последните шест домашни средби против Келн има пет победи и еден пораз, а воедно го доби и овосезонското гостување против денешниот ривал.
ТИКЕТ НА ДЕНОТ
Ливерпул – Атлетико М. 1 и 3+
ПСЖ – Борусија Д. 1
Малатија – Трабзон 1х
Динамо К. – Олександрија 4+
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА