Австралијците смирени и подготвени, но стартот на Ф1 сезоната би можел да биде одложен

Три лица од два различни тима кои се потенцијално заболени од коронавирусот го компликуваат почетокот на Формула 1 сезоната. Еден член на Мекларен и два на Хас се тестирани и се наоѓаат во изолација во Мелбурн потврдија тимовите.

„Наскоро ќе ги добиеме резултатите па ќе знаеме на што сме, во меѓувреме ќе работиме редовно“ – велат од Мекларен.

Организаторот на Ф1 трката во Австралија која треба да го означи стартот на новата сезона објави дека натпреварувањето ќе се одржи со присуство на публика и оти се очекуваат околу 300 000 навивачи во текот на целиот викенд. Официјално првиот Формула 1 викенд сезонава треба да почне в петок со квалфикациите. Втората трка од шампионатот, во Бахреин поради коронавирусот ќе биде без публика објави организаторот.

 

Се вчитува...