Се е поинаку со „Диви“ на голот – Пролет му се одмазди на Бутел

Ракометарите на Пролет се искачија на третото место на суперлигашката табела откако вечерва славеа на гостувањето против Бутел (), реванширајќи му се на скопскиот ривал за поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната. Како и сите досегашни средби меѓу овие два тима, повторно беа постигнати мал број на погодоци, но клучно се покажа присуството на Петар Ангелов на голот на гостите. Искусниот голман бранеше одлично, пред себе имаше и беспрекорна одбрана, што севкупно беше клучен фактор за избраниците на Матлиески да стигнат до победа.

Мечот почна со цврста одбрана на двете страни, во првите седум минути беа постигнати само два гола (1-1). Бутел одржуваше минимално водство се до 8-7, кога гостите го свртеа резултатот во своја полза благодарение на Џонов и на Андоновски (8-10). На одмор се замина со водство на Пролет од 10-11, за потоа гостите фуриозно да почнат во вториот дел, набрзина да поведат до 10-14 и да го натераат домашниот тренер да побара тајмаут.

Бутел сепак не успеа да се закани посериозно, Пролет стигна и до најголеми шест гола предност (15-21), за на крајот гостите да триумфираат заслужено со 19-22.

Ангелов беше одличен на голот, а во нападот најефикасни кај победничкиот тим беа Андоновски со седум и Поповски со шест погодоци. Прв стрелец на Бутел при денешниот пораз беше Мајиќ со седум постигнати гола.

Се вчитува...