Пари Сен Жермен се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0 на реваншот во Париз, меч кој се играше без присуство на гледачи. Ливерпул му возврати на Атлетико Мадрид со триумф од 1-0, идентично како на „Ванда Метрополитано“, па ќе се играат продолженија на „Енфилд Роуд“.
ПСЖ беше подобар тим на „Паркот на принцовите“ и доминацијата ја валоризираше со голот на Нејмар во 28.минута. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на „милионерите“. Пред самиот истек на првиот дел, Хуан Бернат зголеми на 2-0, а Борусија Дортмунд не најде сили за да постигне гол и да го одведе натпреварот во продолженија. Во завршницата Емре Џан заработи и црвен картон.
Првиот меч германскиот тим го доби со 2-1.
Европскиот првак Ливерпул успеа да ја пробие еднаш цврстата одбрана на Атлетико Мадрид и ја анулираше негативата од првиот меч. Стрелец на голот беше Џорџинио Вајналдум во 43.минута, кога со удар со глава го надмудри Јан Облак. Англискиот тим имаше уште неколку одлични шанси за втор погодок, но Јан Облак брани одлично.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

