Италија ја тресе коронавирусот, а тоа не го одминува и професионалните фудбалери. Иако дербито меѓу Јувентус и Интер во неделата се играше без присуство на публика, сепак, непријатна вест дојде од Торино дека позитивен на тестот за COVID19 е дефанзивецот на „старата дама“, Даниеле Ругани. Тој веднаш е префрлен на лекување, а сите оние кои биле во близок контакт со него се ставени во изолација.
Тоа дефинитивно се сите фудбалери на Јувентус. Италијанските медиуми објавија дека Ругани не настапи на дербито против Интер, но беше за клупата за резерви и се наоѓа на славеничката фотографија од соблекувалната по завршувањето на мечот.
Јувентус следната седмица треба да го игра реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА