Токио не се откажува од Летните олимписки игри, запален олимпискиот оган

Гувернерката на Токио, Јурико Коике вели дека прогласувањето на коронавирусот за пандемија ќе влијае на олиписките игри, но нема да предивика откажување. Одлуката за откажување може да донесе само Интернационалниот олиписки комитет. Игрите се предвидени во перидот од 24.јули до 9.август. Одлуката за Игрите мора да биде донесена до крајот од мај или евентуално почетокот на јуни за да можат околу 11 000 спортисти да се подготват навреме. Консултирани ќе бидат и Светската здравствена организација, сопствениците на ТВ паравата како и стотина адвокати.

„Нема планови за промена на нашите планови. Во овој момент, важно е Организацискиот комитет за остане смирен. Сфаќам дкеа ова се компликувани проблеми, но не треба сега се да застане“ – вели Коике.

Договорот за органзиација на Летните олимписки игри кој го имаат потпишано ИОК, Токио и Јапонскиот олимписки комитет му дава предност и слобда на ИОК да може да го откаже настанот поради „воена состојба, граѓански немири, бојкот или ако има друга основана причина која би можела да ја загрози безбедноста на учесниците“.

Во меѓувреме во древната олимопија денеска беше запален олимпискиот оган. Без присуство на публика, само стотина официјални лица олимпискиот оган го почна патувањето. Сите други предолимписки активности што вообиачено се одржуваат беа откажани. По осум дена пат низ Грција, пламенот ќе и биде предаден на Јапонија.

 

 

 

Се вчитува...