Коронавирус и во Челси, Лампард го откажа тренингот

Денешниот тренинг на Челси беше откажан од страна на Френк Лампард, откако во таборот на лондонскиот клуб завладеа страв од коронавирус. Член на клубот, кој бил во постојан контакт со фудбалерите, се пожалил на симптоми од оваа болест, по што веднаш се запалил „алармот“ кај челниците на клубот и била покрената процедура за заштита од Ковид-19.

Целиот тренинг комплекс „Кобхем“ е испразнет и се чисти, а во исчекување на резултатите на лицето со симптоми на коронавирус, фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Челси се ставени во самоизолација.

Ова е втора информација за потенцијална опасност од коронавирус во фудбалски премиерлигаши, откако Брендан Роџерс потврди дека тројца фудбалери на Лестер имаат симптоми од болеста и клубот е во исчекување на резултатите од тестирањата врз нив.

Досега беше предвидено средбите од Премиер-лигата викендов да се играат без навивачи, но по се поголемата опасност за забеолни фудбалери големи се шансите дека до утре и оваа лига ќе биде одложена целосно, како што е тоа случај со италијанската и шпанската.

Се вчитува...