Причината е јасна, само се потврдуваат одложените натпревари. Нема ниту собир на женската ракометна репрезентација на Македонија со оглед дека е одложен квалификацискиот натпревар против Португалија, информираат од РФМ.
„Ве известуваме дека согласно Одлуката донесена од страна на Влада на РСМ по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, Европската Ракометна Федерација и Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесоа одлука за одложување на претстојните национални квалификациски натпревари.
Согласно горенаведеното Ве известуваме дека собирот на женската сениорска ракометна репрезентација, во рамки на ЕХФ неделата во период од 16. до 29. март 2020 година, се одложува како и претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Португалија“, се вели во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА