Литванците први пресекоа – Крај на сезоната, титулата за Жалгирис

Кошаркарите на Жалгирис се прогласени за шампиони на Литванија, откако Кошаркарската федерација на земјата официјално стави крај на сезоната. Литванските медиуми пренесуваат дека екипата на Шарунас Јасикевичиус ја освои титулата во домашниот шампионат.

Жалгирис пред прекинот на сезоната поради пандемијата од коронавирус беше лидер на табелата со 22 победи и само два порази, односно пет победи повеќе од второпласираниот Литвос Ритас.

Поголемиот дел од спортските натпреварувања во Европа се одложени, а кошаркарската лига на Литванија е првата која донесе одлука за крај на сезоната.

 

 

 

Се вчитува...