Иличиќ, играч на неделата во Лигата на шампионите


Словенечкиот интернационалец Јосип Иличиќ е избран за најдобар играч на изминатото коло во Лигата на шампионите. Фудбалерот на Аталанта постигна четири гола во триумфот (3-4) против Валенсија на реванш меч од осминафиналето во елитното европско клупско натпреварување.

Аталанта за првпат во историјата обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Се вчитува...