Уште двајца заболени фудбалери на Фиорентина

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина потврди дека уште двајца фудбалери се позитивни на коронавирусот. По Србинот Душан Влаховиќ, симптоми на коронавирусот имаат Патрик Кутроне Герман Пецела.

Покрај нив, позитивен на Covid 19 е и физитерапевтот на клубот Стефано Даинели. Сепак, сите се во добра здравствена состојба и се наоѓаат во домашен карантин.

Фиорентина и Сампдорија се клубовите со најмногу заболени фудбалери од коронавирусот на Апенините.

Се вчитува...