Легендарниот бразилски ас Роналдињо кој во кариерата освои титули од Светско првенство, Лига на шампиони, Ла Лига, сега успеа да освои и една неверојатна награда во затворот во Парагвај каде го очекува судење поради употреба на лажен пасош за влез во земјата. Тој и неговиот тим освои прасе од 16 килограми, откако победија со 11-2 во затворската фудбалска пресметка.
Секако, Роналдињо не можеше да го скрие фудбалското умеење, постигна пет гола и имаше шест асистенции. Останатите затвореници потоа го овековечија мечот со славниот Роналдињо со фотографија за спомен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА