Аргентинскиот интернационалец Езекиел Гарај кој е член на Валенсија е првиот фудбалер позитивен на коронавирусот во Ла Лига. Тој информираше на социјалните мрежи, но повика на смиреност и замина во изолација. Секако изолирани ќе бидат и сите останати фудбалери на Валенсија во наредниот период.
„Јасно е дека 2020 година ми почна на лош начин. Тестот покажа дека сум позитивен на коронавирусот, но се чувствувам многу добро и секако ќе ги слушам советите на здравствените авторитети за да оздравам што е можно побрзо. Како прв чекор, одам во изолација“, напиша Гарај.
Дефанзовецот на Валенсија се уште се опоравува и од повредата на коленото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА