Од таборот на прволигашот Македонија ЃП денеска и информацијата дека тимот ги прекинува сите активности наредниве денови. Иако изминативе денови се одработуваа тренинзите, од денеска „лавовите“ ги прекинуваат и тренинг-активностите.
„ФК Македонија ЃП ги откажува тренинзите до 18. март и ќе се придржува до препораките на Владата на Р.С. Македонија. Останете дома да се заштитиме сите, само така ќе помогнеме да го вратиме фудбалот на прво место“ – информираа од прволигашот од Ѓорче Петров.
Само пред два дена Македонија ЃП го именуваше Жикица Тасевски за нов тренер на клубот, кој изминативе денови ги одработи првите тренинзи со екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА