Генералните менаџери на клубовите од кошаркарската Евролига вечерва со писмо го информираат дека нема да ги плаќаат играчите за време на прекинот на натпреварувањето поради пандемијата на коронавирусот.
„Не можеме да имаме загуби од влезници, од спонзорства и од други приходи, а во потполност да ги исполнуваме договорите без намалувања. Разбираме дека на Евролигата и на кошаркарите тоа не им оди во прилог, но навистина мораме да бидеме одговорни и да се жртвуваме. Решивме да ги ставиме сите договори на играчите и на тренерите во мирување. Ова значи дека ја запираме исплатата додека не се реши ситуацијата на Лигата. Ние како клубови имаме консензус“ – стои во соопштението од менаџерите на клубовите.
Една од идеите за разрешување на ситуацијата, ако сезоната продолжи би било играчите да потпишат нови краткорочни договори. Ако сезоната не продолжи клубовите ќе завршат со ислата заклучно со 15. март. До крајот од лигашкиот дел од сезоната во Евролигата остануваат уште шест кола. Со биланс од 24-4, Анадолу Ефес е лидер на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА