Италија е комплетно суспендирана на спортски план, земјата е во сериозен здравствен ризик, а и во една таква ситуација ВАДА ги тестира пливачите. Италијанскиот пливач Фабио Скоцоло на Интаграм објави како добил посета во домот за да го мине антидопинг-тестот.
„На што ќе ме тестирате? Се надевам дека не сум позитивен на коронавирус“, се пошегува Скоцоло.
Со маски и ракавици, тестот сепак беше направен. Тој живее во Имола заедно со својата колешка и девојка, Мартина Караро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА