Цела Италија во карантин, а Елмас мора на тренинг

Големата криза со ширењето на Ковид-вирусот во Италија не е запрена, сезоната сигурно нема да продолжи ниту во месец април, но македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе мора да се јави на своето „работно место“ и да продолжи со тренинзи со тимот на Наполи.

Сите тимови ги прекинаа тренинзите уште во текот на минатата седмица, се очекува нивната пауза да трае најмалку до почетокот на месец март, но Џенаро Гатузо е стратег што сака да наметне силен авторитет врз своите избраници. Токму затоа, овој стручњак донесе одлука тренинзите на „наполитанците“ да продолжат од понеделник, 23 март.

Ситуацијата во реонот на Неапол не е толку драматична како во Северна Италија, но одлуката на Гатузо предизвика големо изненадување во спортската јавност, со оглед на фактот дека продолжението на сезоната не е повидок.

 

Се вчитува...