Авицена Женската трка, која што е симбол за подигање на свеста за здрави навики и унапредување на здравјето, поради ситуацијата во земјата со корона вирусот, се одложува. Првичниот датум за одржување на Авицена Женска трка организаторите го закажаа на 5. април и напорно се подготвуваа ова да биде најдоброто издание на трката досега. Но, поради заострувањата на мерките и препораките од страна на надлежните институции во врска со Коронавирусот, COVID-19, трката се одложува и се презакажува за 6 септември 2020.
Организаторите јавуваат дека сите пријави остануваат важечки и се префрлуваат за новиот датум, а доколку некоја учесничка не може да учествува на тој датум ќе добие мејл со инструкции за тоа кои опции ќе бидат во можност.
Пријавувањето останува отворено до 31 август 2020. Исто така, се уште останува можноста и за купување на dry-fit маицата со логото на трката. Со продажбата на маиците, 100 денари од секоја продадена маица одат за Интервентниот женски фонд на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Од организацијата посакуваат добро здравје на сите граѓани со желба да се следат препораките од надлежните институции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА