Абрамович го даде хотелот на Челси за сместување на здравствените работници

Здравствените работници кои се борат со Covid-19 во следните два месеци  ќе можат за сместување да го користат хотелот на фудбалскиот клуб Челси на „Стемфорд бриџ“. Клубот денеска во соопштение информираше дека сопственикот Роман Абрамович иницирал, хотелот да биде понуден на здравствените власти за лекарите и другите медицински лица кои водат исцрпувачка битка со вирусот и не треба да губат врме со измачувачки патувања до дома. Сместувањето ќе биде бесплатно.

„Иницијативата дојде од сопственикот Роман Абрамович и по консултациите со претседателот на Здравствениот фонд беше решено дека најдобриот начин на кој Челси може да помогне е да обезбеди сместување на здравствените работници. Сите трошоци за сметувањето ќе бидат покриени“ – стои во соопштението од клубот.

Абрамович понудил и тој да ги исплати платите на здравствените работници од Северен Лондон. Решение кое во моментов сепак не би можело да се реализира.

 

Се вчитува...