Ако има Формула 1 сезонава, нема да има летна пауза

Формула 1 во соработка со сите тимови донесе одлука предвидената пауза во сезоната која вообичаено е во август да биде поместена за март-април, практично за овој период во кој воопшто нема трки. Ова решение треба да помогне во набиениот календар кога ќе стартува сеозната. Одлуката била одобрено од ФИА.

Другитете промени ќе бидат правени тековно. Формула 1 сега се обидува да направи календар пократок и со помалку трки од предвидените 22 во сезоната. Првите четири натпреварувања, Австралија, Бахреин, Виетнам и Кина се откажани, а одложени се и трките во Холандија, Шпанија и во Монако.

Шефовите на Ф1 во моментов работат на план сезоната да почне на 7.јуни со трката за Големата награда на Азербејџан, но тоа ќе зависи од развојот на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот. Извесно е дека во сезоната ќе има помалку трки, а први кои многу веројатно ќе бидат комплетно исфрелни се трките во Монако, Бразил, Кина и во Австралија.

Се вчитува...