Српската премиерка Ана Брнабиќ револтирано ги посочи спортистите како едни од најнеодговорните кога станува збор за самоизолацијата. Но, фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ не е единствениот на кого мислела.
И 25-годишниот играч на Асколи, Никола Нинковиќ кој пред неколку дена се врати во Белград не ја почитувал самоизолацијата, па посочен е од медиумите дека слободно се шетал низ главниот град на Србија посетувајќи и кафе барови и клубови.
Нинковиќ доаѓа од најпогодената европска земја Италија, во која има речиси 3.000 починати лица и речиси 40.000 заразени од коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА